Полицијата за еден ден казни 661 возачи за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Убавото време за викенд многумина го искористија за шетање, но некои возачи заборавија на сообраќајните прописи па возеа пребрзо, а полицијата имаше „успешна контрола“ – беа казнети дури 661 возач.

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од 661 возач, 105 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 315 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Сите добиле налози за плаќање на казна, а они ешто возеле со над 50 и 70 километри на час, ќе добијата и забрана за управување на возилата одреден период.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, 10 мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР зпелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK