Полицијата со нов трик – казнува од камион

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата знае да биде многу креативна, барем кога се во прашање стапиците за недисциплинираните возачи. Сме пишувале за бројни иновативни решенија. Во Турција постојат картонски полициски возила, во Холандија полицијата се вози во автобус и ги фаќа прекршителите, австриските се камуфлираат во жбун, а своја одлика имаат и британските.

Полицијата во оваа земја веќе користи камиони со цел да ги фати сите оние кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Во оваа земја овој начин на казнување се практикува уште од 2015 година кога беше воведен како пилот проект.

Возејќи камион, полицијата може од високо да види што се случува во автомобилите, комби возилата па и камионите што се на автопат. Многу често возачите зборуваат на телефон или пишуваат смс пораки што е особено опасно.

Денес, полицијата поседува неколку камиони, а досега на овој начин се забележани над 20.000 прекршоци.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK