Полицијата работи „турбо“ – казни 339 возачи во Скопје за еден ден

ОБЈАВЕНО НА:

За возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење – 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила – 14.

Сигурно сте забележале дека деновиве по улиците во Скопје на многу „ќошиња“ има скриени полициски возила кои ја мерат брзината нд вижење, а уште повеќе паролираат со тефтерите во раце гледајќи кои ги прекршуваат правилата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, пришто во Скопје изречени биле вкупно 339 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење – 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила – 14.

Меѓу казнетите се и оние што возат на две тркала. Санкционирани се и 33 мотоциклисти, а одземено е 1 патничко возило. Понатаму, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113). Изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK