Според студијата, возилата со тежина поголема од 1.820 килограми и потеки немаат значително помалку смртни случаи кога учествуваат во сообраќајни несреќи...
Институтот за безбедност на автопатиштата ( The Insurance Institute for Highway Safety IIHS) oбјави резултати кои покажуваат дека поголемите и потешките возила не ве чуваат секогаш побезбедни при судар. Тие, сепак, можат да ве направат посмртоносен односно поопасни за другите возачи на патот. Се зависи од тоа дали возилото е потешко или полесно од просечниот автомобил.
Во студијата на IIHS, истражувачите ја пресметаа просечната тежина на нивниот примерок на возила од 2017-2022 година, што изнесуваше 1.820 кг. За секои дополнителни 227 килограми максимална тежина над тоа, судирите помеѓу SUV или камионет и автомобил резултираа со една смрт помалку на милион регистрирани возила годишно, кај потешките модели – или, едноставно речено едвај и да има каква било промена (влијание) поголемата тежина на возилото. Сепак, дополнителната тежина предизвика до седум дополнителни смртни случаи во патничките автомобили, што значи дека е посмтроносна за полесните возила.
Студијата исто така покажа дека автомобилите и SUV моделите со тежина помала од 1.820 килограми може да имаат корист од вишокот килограми. Доближувањето што е можно поблиску до просечната тежина може да резултира со 17 помалку смртни случаи во сообраќајни несреќи од автомобил до автомобил и 13 помалку во сообраќајни несреќи од SUV до автомобил. Но, за нешто повеќе од 1.820 килограми, „едвај има“ намалување на ризикот за патниците, според IIHS. Значи во основа: колку поблиску до просечната тежина, толку подобро.
„Нема ништо магично околу 1.820 килограми освен тоа што е просечната тежина“, рече Сем Монфорт, водечки автор на студијата во изјавата. „Возилата кои се потешки од просекот имаат поголема веројатност да удрат во возила полесни од нив самите, додека обратното важи за возилата кои се полесни од просечните возила. Она што покажува оваа анализа е дека изборот на екстра тешко возило не ве прави побезбедни, но ве прави поголема опасност за другите луѓе.
Диспаритетите во однос на смртноста С меѓу автомобилите, камионетите и SUV возилата опаѓа. Во 2011-2016 година, патниците во автомобил имаа 90 проценти поголема веројатност да загинат во судар со SUV тежок повеќе од 2.270 килограми. Тоа се намали на 20 проценти од 2017-2022 година, откако IIHS и производителите на автомобили работеа заедно за да ги усогласат структурите на судирите на поголемите камиони, теренците и помалите купеа и седани.
„За американските возачи, конвенционалната мудрост е дека ако поголемо тогаш е и побезбедно, односно тоа што е уште поголемо мора да биде уште побезбедно“, рече претседателот на IIHS Дејвид Харки во својата изјава. „Овие резултати покажуваат дека тоа, денес, не е точно. Не, особено, за луѓето во други автомобили.
И –на крајот, но не и помалку важно – тие не се побезбедни и за самите патници во големите возила, како што се SUV модели и камионети.

Следете не и на:

