Поевтинува бензинот – дизелот со иста цена

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска ќе има нови цени на горивата, а само Еуросупер БС-95 ќе има промена, реши Регулаторната комисија за енерегтиак.

Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар. Пониска цена од полноќ ќе има и мазутот.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67 денари за литар, а на Мазутот 34,5 денари за килограм.

Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари, на дизелот 58,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство 58 денари за литар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK