Подарок од Путин: Руските олимпијци и продаваат BMW возила

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот од минатата недела Фондот за подршка на руските олимпијци им предаде 129 автомобили BMW за носителите на медали од последните летни Олимписки игри кои се одржаа во Токио. Како награда за успесите тие добија кросовери X5 30d, X3 30d и X3 20.

Кратко време после ова медиумите информираа дека добар дел од спортистите веднаш решиле брзо д се збогуваат со подарокот и автомобилите ги огласиле за проджба. Дoсега се познати барем 14 случаи на продажба.

„Не можам да судам за другите. И во мое време имаше ред на вакви приказни, кога после медал на Олимписките игри се даваа автомобили. И тогаш спортистите ги продаваа возилата за да можат со парите да купат недвижен имот“, вели олимписката шампионка од 2006 година, Светлана Журова, која освои злато во брзо лизгање.

„Сè уште имам автомобил од 2006 година и тој е единствениот кој го имам и го возам и денес. Во мое време акцентот се ставаше дека тоа е автомобил подарок од претседателот и затоа решив да го зачувам. Денес тоа не е државен подарок туку спонзорски. Спортистите имаат право да постапат со него како што сакаат“, додава Журова.

Во 2018 година освојувачите на медали за Русија од Олимписките игри во Пјонгчанг исто така беа наградени со автомобили од компанијата BMW. Освојувачите на злато на игрите станаа сопственици на BMW X6, сребрените добија BMW X5, додека бронзените завршија со BMW X4.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK