Првиот „народен“ автомобил од турско производство – TOGG, почна со примање на пренарачки. Сериското производство на овој кросовер почна во октомври 2022 година. Планирано е првите 20.000 возила да им бидат испорачани на клиентите до крајот на 2023 година. А првите „среќници“ ќе можат да седнат зад воланот на своите електрични автомобили веќе на крајот на март или почетокот на април.
Националниот турски електричен автомобил беше направен на иницијативана претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Купувачите имаат можност да ја изберат бојата на автомобилот и комплетот опрема. Автопилот од трето ниво на автономија се ветува и за „народниот“ турски електричен автомобил. Според компанијата, секој автомобил ќе се произведува поединечно.
Кросоверот TOGG е достапен во две верзии – со погон на задните тркала и моќност од 200 КС и со погон на сите тркала со моќност од 400 КС. Минималната цена е од 52.700 долари и 84.330 долари соодветно.
Како што беше претходно објавено, кросоверот со погон на задните тркала забрзува од место до 100 km/h за 7,6 секунди, а со погон на четири тркала за 4,8 секунди. Максималната брзина не е одредена.
Километражата со едно полнење е означена до 500 km. Времето за полнење на батеријата до капацитет од 80% е 30 минути.