Почна продажбата на Taycan Cross Turismo и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Три месеци по светската премира на најновиот модел на Porsche – Taycan Cross Turismo, сега истиот е достапен и во Македонија преку Порше Македонија.

Инспириран од визијата која беше отелотворена со претставувањето на првиот концепт уште во 2019 година, Porsche испрати клучен сигнал за електричната иднина на мобилноста.

Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија за апсолутна бескомпромисност. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека Cross Turismo може да се вози и на потежок терен. Стандардниот „Gravel Mode“ ја подобрува соодветноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.

Четири деривати на Taycan Cross Turismo се достапни веднаш по неговото лансирање. Моќноста изнесува 380 коњски сили во основната верзија Taycan 4 Cross Turismo, 490 коњски сили во Taycan 4S Cross Turismo, 625 коњски сили во Taycan Turbo Cross Turismo и 761 коњска сила во најмоќниот Taycan Turbo S Cross Turismo кој забрзува до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

Опремени со Performance Battery Plus, вкупниот капацитет на батеријата изнесува 93,4 kWh и секогаш доаѓа стандардно во сите верзии. Досегот на батериите изнесува од 416 до 456 км соодветно на верзијата на Taycan Cross Turismo.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK