Почна да „ѕирка“ Kona, новиот мал кросовер на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Извесно време се знае дека Hyundai во текот на годинава треба да пушти во продажба мал кросовер што треба да им конкурира на Nissan Juke, Renault Captur и Peugeot 2008. Корејците покажаа фотпграфија што го навестува изгледот на новиот модел, на предната страна каде се гледаат двојни светла и нивната поставеност.

Името на моделот ќе биде Kona (по квартот Кона на Големиот остров на Хаваи). Неизвесно е само кога ќе биде премиерата на моделот, а продажбата е најавена за првата половина на 2018 година. Најсериозно место за светската премиера се споменува саемот во Франкфурт во септември.

Како основа за овој кросовер на Hyundai во Б сегментот послужи модифицираната платформа на моделот i20, додека моторите ќе бидат превземени од новата генерација на i30. Тоа значи и бензинските 1.0 T-GDi со 120 КС и 1.4 GDI со 140 КС, како и 1.6 турбо дизел (за европскиот пазар).

Ќе биде со погон на предни тркала, а можно е да се нуди и опција со 4х4 погон. Токму малите СУВ кросовери треба да бидат меѓу најпродаваните модели во понудата на Hyundai на пазарите во САД и Европа. Само во првио тквартал од годинава продажбата на компактни кросовери е зголемен за 5,2 отсто, а вкупниот пазар е намален за 1,6 отсто.

Во Европа Kona доаѓа на пазар каде се проценува дека ќе има над 2 милиони возила во 2018, и до 2,3 милиони до 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK