Почина Фердинанд Пих – поранешниот прв човек на Volkswagen Групацијата

ОБЈАВЕНО НА:

На 82 годишна возраст во Розенхајм, град во близина на Минхен почина некогашниот прв човек на Volkswagen Групацијата, Фердинанд Пих.

Пих додека бил во локален ресторан во неделата кога му се слошило по што бил хоспитализиран. За кратко, во болницата починал, а точните причини за смртта не се откриваат.

Како внук на Фердинанд Порше, основачот на Porsche, тој поседувал 10% од акциите на оваа компанија, а беше и дел од управниот одбор на оваа компанија.

Пих ќе остане запаметен по неговиот ангажман во Volkswagen Групацијата. Тој во 90-те се вработи во оваа Групација, а до 25 април 2015 година беше и прв човек на Групацијата. Токму во под негово “владеење” успеа да го издигне Volkswagen како најголем германски производител и еден од најголемите на глобално ниво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK