Побарувачката си го прави своето – Vingroup планира уште една фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Vingroup е најголемиот виетнамски конгломерат основан во 1993 година. Во 2017 година го објави планот за производство на автомобили, а две години подоцна започна и производството на VinFast, првиот производител на автомобили во Виетнам.

Дека станува збор за амбициозен потфат говори и фактот што компанијата го најми Pininfarina за дизајнот на своите автомобили. Овој производител сега размислува и за отпочнување со градба на втората фабрика во оваа земја.

“Локалните власти и Vinhomes ќе се сренат и ќе работат заедно на финализирање на фабриката” изјави вработен во локалната канцеларија во Ха Тин во телефонски разговор за Ројтерс.

За потсетување, VinFast претходно ја откупи патеката за тестирање на General Motors, а за своите автомобили понуди гаранција од 10 години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK