Еден велшанин засекогаш ќе го памети тест возењето на Porsche 911 GT2 RS. Причината за тоа е сударот кој го направил на ова тест возење.
Неименуваниот возач се обратил на дистрибутерот на Porsche во Велс каде побарал тест возење на овој спортски автомобил по што веднаш му беше одобрено.
Само неколку моменти откако излегол од продажниот салон тој учествувал во сообраќајна незгода во која учесто заземале и други пет возила. При тоа, токму овој возач со тест возилото ја предизвикал сообраќајната незгода, а истиот тој се првдал дека тоа се случило поради тоа што не чинеле сопирачките.
За среќа во незгодата нема посериозни повредени, а на полицијата останува до крај да ги расчисти сите причинители на оваа сообраќајна незгода.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]