Култната „Лада 6“ беше симната од балкон на станбена зграда во Тбилиси. Автомобилот се наоѓал цели 27 години на 4. спрат од зградата, но веќе не се наоѓа таму.
Минатото на автомобилот е познато за локалното население. Во 1991 година жител на Тбилиси купил сосема нов автомобил ВАЗ-2106, а уште првата вечер бил мета на крадци кои ги крадат гумите.
Вознемирениот сопственик одлучува да го реши проблемот. Изнајмува кран и го качува автомобилот на тераса на 4. кат, а идејата му била да чека подобри времиња. Сепак, не успеал да ги дочека тие денови бидејќи пред шест месеци сопственикот на ладата починал.
Наследникот одлучува да го симне возилото од зградата и затоа одново најмува кран. Сега автомобилот ќе биде продаден, а цената нема да биде ниска бидејќи возилото од руската класика е практично сосема ново со нула километража.