По 108 дена поминати во притвор во истражниот затво во Токио, поранешниот прв човек на Renault и Nissan е пуштен да се брани од слобода, откако плати и му беше прифатена кауцијата.
Гон (64) излезе од затвор откако претходно судот два пати му го одби барањето, а сега ја прифати кауцијата од милијарди јапонски јени или околу 8 милиони евра.
Гон на 19 ноември беше приведен по барање на обвинителството на главниот град на Јапонија под сомнение дека прикривал приходи и затајувал данок. Подоцна истрагата се прошири па така тој беше осомничен дека со неговите активности придонесол да се појават финансиски загуби во работењето на Nissan.
https://youtu.be/D4awuy8sIss
Франс Прес наведува дека судскиот процес се очекува да биде завршен во првата половина годинава, а адвокатите на Гон се убедени дека ќе успеат да ја докажат неговата невиност.