Пикапот на Tesla доаѓа за два-три месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Најпознатата личност во автомобилската индустрија во моментов, Илон Маск на својот Twitter профил објави дека премиерата на првиот електричен пикап на компанијата ќе се случи за две до три месеци.

“Многу сме блиску, но магијата е во завршните детали. Можеби уште 2 до 3 месеци” стоеше во твитот на основачот и извршниот директор на Tesla.

Доаѓањето на овој модел е обвиено во целосна мистерија. Освен една тизер фотографија нема ништо друго потврдено.

Сепак веќе подолго време се зборува дека со едно полнење овој пикап ќе може да помине и до фантастични 800 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK