Во Тенеси, една од сојузните држави во САД размислува да изгласа Закон со кој пијан возач што ќе ги усмрти родителите на дететот во сообраќајка (еден или двајцата) да плаќа издршка односно алиментација. Предлог-законот веќе помина во Претставничкиот дом и беше усвоен на ниво на Сенатот. Сега сè уште се чекаат потписот на гувернерот Бил Ли.
Алиментацијата би се плаќала додека детето не наполни 18 години и не заврши средно образование. За да одлучи точно колку ќе плати осудениот, државата ќе земе предвид повеќе фактори, меѓу кои и животниот стандард на детето, како и финансиските потреби и ресурси на детето и на секој преживеан родител или старател.
Оваа пресуда не го лишува преживеаниот родител или старател од правото да поднесе граѓанска тужба против осудениот возач. Во исто време, доколку се донесе пресуда, таа ќе ја замени и поништи секоја исплата на алиментација наметната од владата на Тенеси.
Предлог-законот беше инспириран и застапен од Сесилија Вилијамс. Нејзиниот син, снаа и внук биле убиени од пијан возач во април 2021 година.