Peugeot слави: Моделите 208 и 2008 се најпродаваните автомобили во Европа во април

ОБЈАВЕНО НА:

Продажните бројки во европските земји за четвртиот месец во годината се сумирани, а со тоа се познати и најпродаваните модели.

Според анализата на Jato Analytics која ги прибра и анализираше податоците во 27 земји од Европската Унија, во април се продадени 1.029.008 нови автомобили што е за 261% повеќе во истиот месец минатата година.

Најпродаван автомобил е Peugeot 208 кој е продаден во 18.387 примероци што е зголемување за 347%. И на второто место се наоѓа модел на Peugeot. Се работи за моделот 2008 кој е продаден во 18.328 примероци.

Следи Volkswagen GOlf со продадени 17.763 примероци, а во топ 5 најпродаваните автомобили се наоѓаат уште и Toyota Yaris со продадени 17.365 примероци и Volkswagen T-Roc со продадени 17.168 примероци.

Од шестата до десетата позиција се наоѓаат четири автомобили од Stellantis. Opel Corsa е на шестата позиција со продадени 16.934 примероци, Fiat 500 на осмата позиција со продадени 15.771 примерок, Peugeot 3008 на деветата позиција со продадени 14.743 примероци и Citroen C3 на позицијата 10 со продадени 14.692 примероци. Renault Clio е на седмата позиција со продадени 16.859 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK