Ако сте фан на Peugeot, a ги сакате и Lego коцките сега ќе имате шанса повеќе да си играте, бидејќи издаден е првиот тематски сет LEGO® Technic™ Peugeot 9X8 (LEGO® Technic™ PEUGEOT 9X8 24H Le Mans Hybrid Hypercar). Создаден е за да го одбележи изгледот на патеката на легендарната трка 24 часа Ле Ман што треба да се одржи на 10 јуни.
Комплетот од Lego коцките е развиен во размер 1:10, а неговите креатори го комплетираа во тематската шема на бои, со иконските врати на тркачки автомобил, V6 мотор, хибриден погонски систем и специјални елементи што светат во темнина.
По правилно склопување на секоја од 1.775 компоненти, LEGO® Technic™ Peugeot 9X8 има должина од 50 cm, висок 13 cm и ширина 22 cm. Секако од вас ќе зависи за колку време ќе успеете да го составите, ама бидејќи бројот на коцки е со четири бројки сметајте на повеќе време.
„Техничката соработка со LEGO Group започна во јануари 2022 година, пет месеци пред претставувањето на PEUGEOT 9X8“, изјави Оливие Јансони, технички директор на Peugeot Sport. „Ни требаше една година да го развиеме проектот со техничките и дизајнерските тимови, што ни овозможи директно да ги пренесеме техничките детали на PEUGEOT 9X8 во моделот LEGO Technic. Беше многу важно за двете марки да создадат модел кој е како реалистично”
Новиот сет на LEGO Technic ќе биде достапен за нарачка од 1 мај, по цена од 200 евра.