Peugeot 208 GTi – најмоќен во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на новата генерација од Peugeot 208 која несомнено предизвика голем интерес благодарение на одличниот дизајн, во јавноста излегоа и информации околу GTi верзијата од овој модел.

Францускиот производител не остава ништо на случајноста па така новата спортска изведба доаѓа како најмоќна во историјата на францускиот производител во однос на досегашните модели лансирани во сегментот.

Благодарение на новата CMP платформа на која се базира и намалената тежина од 30 кг, како и 1.6 литарскиот четири цилиндричен мотор со 208 КС овој модел на Renault Clio RS, Ford Fiesta ST и Volkswagen Polo GTI.треба успешно да парира

Со дополнителни 30 КС овој спортски автомобил до 100ка забрзува за 6,5 секунди додека максималната брзина која може да ја постигне изнесува 230 км/ч.

Покрај основната GTi изведба, францускиот производител работи и на електрична е-GTi изведба која се очекува да се појави во текот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK