Студијата направена од страна на американското Саr аnd Drivеr, не дава многу внимание на најпопуларните модели во Европа од Volkswagen. Моделите како што се ID.3 и ID.4 имаат одлични продажни бројки на Стариот континент, иако Американците повеќе сакаат други возила.
Од германските електромобили на листата се моделите на Аudi и Pоrsсhе, кои сепак се во премиум сегментот.
Нема начин како да се помине без Tеslа, a другите два модели се електричните Kiа и Jаguаr.
Jаguаr I-Pасе
Моделот е опремен со најновата батерија од 90 kWh, која дава дострел од 480 километри. 100kW DС брзо полнење дозволува батеријата да се наполни до 80 проценти за 40 минути. Дома можете да ја наполните за 10 часа.
Аudi е-trоn GT
Батерија од 96 kWh може да се полни со 150 kW на станица за брзо полнење, додека „полнењето“ до 80% се случува за 30 минути. Од домашен контакт електричниот автомобил се полни целосно за 8 часа. Максималниот дострел е 446 километри.
Pоrsсhе Tаyсаn
Купето со четири врати може да помине од 333 до 463 километри со едно полнење во циклусот WLTP. Можеби тоа не е врвно достигнување, но задоволството да се вози овој автомобил ќе биде добро за секого. Ќе ви се допадне и луксузниот ентериер.
KIА е-Nirо
Има две верзии на моделот. Првиот е опремен со 64 kWh батерија, која дава можност за поминување на 385 километри. Втората верзија е опремена со батерија со капацитет од 39,2 kWh, додека автономната километража достивнува до 240 километри. Од 100-лиловатниот терминал автомобилот се полни до 80 проценти за 54 минути.
Tеslа Mоdеl S Plаid
Целосно наполнет овој електричен автомобил може да помине до 840 километри. Автомобилот забрзува до 320 км/ч. Во исто време моделот има предност на голем семеен хечбе: седишта во целосна големина и просторен багажник.