Повеќе од 170 возачи се казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот во периодот од 6 часот во петокот наутро до 6 часот утринава. Иако ваквите акции се спроведуваат редовно возачите се уште во голема мера ги прекршуваат сообраќајните прописи.
Во акцијата на полицијата санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.
Кај 32 возачи било откриено присуство на алкохол во крвта над дозволените 0.5 промили. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.
Меѓудругото, санкционирани се и 11 возачи затоа шпто не давале предимство на минување, и плус уште 34 други прекршоци за кои биле издадени 23 мандатни казни.