Пет знаци за неисправни сопирачки

ОБЈАВЕНО НА:

Сопирачките се еден од главните делови на автомобилите и токму поради тоа мораат да бидат под постојана контрола. Затоа на прашањето зошто е потребна честа контрола на нив можат да одговорат дури и оние кои не управуваат автомобили.

Во продолжение ќе стане збор за неколку знаци кои можат да ви укажат на тоа дека нешто не е в ред со системот за сопирање.

Како што е познато со сопирачките нема компромиси и затоа е добро да се имаат предвид петте знаци кои водат укажуваат на проблеми.

Невообичаени звуци

Важно е не само да се изврши навремена замена на дисковите и течноста за сопирачките, туку и често да се слушаат звуците (ако има такви) кои доаѓаат од сопирачките, секакви крцкања, стружења, кликања… при притискање на педалот за кочење треба да се земат предвид и да се посети најблискиот сервис. Овие накарактеристични звуци можат да укажат, како за трошење на плочките, така и за сериозни проблеми со другите елементи, за кои многу од возачите дури и не ни размислуваат.


Мека педала
Голем дел од возачите на моторни превозни средства сметаат дека помеката педала на сопирачките е поврзана единствено со неопходна замена на течноста за сопирачките и бараат неодложна посета на сервис. Во голем дел од случаите се сигнализаира за смена на течноста, но проблемите можат да бидат посериозни, поврзани со целосна геометрија на системот, што ако е така, дефинитивно не трпи одлагање.

Тврда педала
Има ситуации, кога за да закочите се бара значително поголем притисок на педалот за кочење. Најверојатно станува збор за проблем со таканаречената кочница серво. Неисправноста во вакуумниот простор е исто опасна и не треба да се вози така. Неопходно е брзо отстранување на дефектот.


Вибрации
Никогаш не ги игнорирајте вибрациите, кои се појавуваат при притискање на педалот за кочење. Тие можат да се пренесат и на самиот педал и на воланот. По правило, слични симптоми се знам за деформирани сопирачки дискови, но има и други можни дијагнози, како истрошени или „залепени“ плочки, криви барабани (кај помалите и постари автгомобили задните тркала се со барабан сопирачки), дефекти во цилиндрите на сопирачките и друго. Во принцип, одновно треба да се отиде на мајстор за да се среди проблемот.

Автомобилот „влече“ на една страна
Овој термин се користи во разговорниот јазик и значи дека при кочење возилото тргнува во лево или во десно. Често возалите го наоѓаат проблемот во потрошените делови кај суспензијата, како и во крива или мега гума. Сепак, на прво место треба да ги проверат сопирачките.

Блокиран цилиндар, деформација на некое од цревата, истекување на течноста за спирање… се само дел од можните проблеми кои треба да се отстранат веднаш, а се препознаваат по овој знак.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK