Според спогодбата, Volkswagen ќе треба да плати 502 милиони евра, а BMW да плати 373 милиони евра. Daimler поради соработката не доби парична казна.
Европската комисија казни пет водечки производители на автомобили – BMW, Daimler, VW, Audi и Porsche со вкупно 875 милиони евра за картелно договарање во областа на технологиите за контрола на емисијата на дизел. Ова во четвртокот на прес-конференција во Брисел го најави потпретседателката на Европската комисија Маргaрет Вестагер.
„Сите пет компании го признаа своето учество во картелот и се посветени на решавање на овој проблем. Компаниите немаат право да ја ограничуваат конкуренцијата, што обезбедува постигнување на најдобри технички решенија, ова е незаконско бидејќи ги крши правата на потрошувачите, изјави Вестагер.
Според спогодбата, Volkswagen ќе треба да плати 502 милиони евра, а BMW да плати 373 милиони евра. Daimler поради соработката не доби парична казна.
Таа појасни и дека Daimler прв и дал информации на Европската комисија за постоењето на картелот и започнал соработка со истрагата, па затоа Европската комисија и одобрила имунитет од санкциите.