Колку е силен македонскот пасош?

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија се подготвува за влез во ЕУ што секако ќе отвори многу врати на можности за сите граѓани. Пред се слободно патување и работа во другите земји на ЕУ, но и безвизен решим со многу други земји. Македонскиот пасош би требало да стане уште повреден од сега.

Во моментов најсилен пасош за патување е оној на Сингапур. Со него можете без виза да патувате во 166 земји. Секоја година Arton Capital прави класификација на пасошите на сите земји и колку се тие влијателни, односно во колку земји се патува без виза, каде се добива виза на влез и каде мора да имате виза пред пристигнувањето.

Но и со сигапурскиот пасош ќе ви треба виза за 32 земји. Сепак во однос на другите ова е најсилниот пасош за патување.
Со македонски пасош можете во 118 земји да патувате без виза. Од тоа целосно безвизен режим имаме со 76 земји, а во 42 се добива виза на граница. Сепак за 80 земји ни е потребна виза што треба да ја обезбедиме пред тргнувањето на пат.

Од соседите, Србите може да патуваат во 127 земји без виза, Бугарите во 158, а Грците во 164 земји. Зад нас е Албанија со 110 земји и Косово со 48 земји.

Топ-10 земји што имаат „најсилни пасоши“

10. ОАЕ, Хрватска, Кипар – 156 држави
9. Лихтенштајн – 157 држави
8. Бугарија, Романија – 158 држави
7. Естонија, Летонија, Полска – 160 држави
6. Литванија, Словачка, Исланд, Словенија – 161 држави
5. Чешка, Малта, Австралија, Нова Зеланд, Малезија – 162 држави
4. Швајцарија, Обединето кралство, Австрија, Белгија, Унгарија – 163 држави
3. Франција, Италија, Канада, Грција, Шпанија, Ирска, Јапонија, Португалија – 164 држави
2. Јужна Кореја, Шведска, Норвешка, Германија, Холандија, Луксембург, Дания, Финска, САД – 165 држави
1. Сингапур – 166 држави

Следете не и на:

24AUTO NETWORK