Во Скопје постои недостаток на паркинг простор иако има доста отворени и затворени паркинг простори. Со дел од нив управува Општина Центар а со друг дел ЈП Градски Паркинг. И „горе-доле“ цените се исти. Може да си купите картичка (која тешко ќе ја најдете и незнаете каде се продава) или да го искористите вашиот мобилен и преку смс порака да си обезбедите паркинг време.
Но, и покрај тоа што многумина знаат дека низ Центар „хараат“ пајак возила кои постојано ги казнуваат оние што се погрешно паркирани многумина се обидуваат да „украдат“ малку. Тогаш или ќе поминете неказнето, или додека вие ја завршите вашата работа од „пет минути“ на возилото веќе му ставиле блокатор или стигнало пајак возилото.
Цените за паркирање во Скопје се скоро идентични, со мала разлика во однос на тоа дали паркирате на место со кое управува општина Центар или ЈП Градски паркинг. Колку би платиле ако погрешно паркирате?
Според Ценовникот на ПОЦ, премстување на моторно возило со вкупна маса до 2.500 килограми е 2.500 денари, а ако вкупната маса е над 2.500 килограми тогаш ќе платите 3.500 денари. Според ценовникот на градски паркинг подигање и пренос на возило е 2.500 денари, а доколку истото е паркирано на зелена површина тогаш сумата е 3.500 денари.
Но, најголемата казна што може да ја платите е ако направите грешка и тоа на паркинг со кој управува ПОЦ.
За преместување на возило запрено или паркирано на означено и резервирано паркинг место за инвалиди ќе треба да платите надомест од 6.000 денари. Но, полицијата ќе ви врачи и глоба од 180 евра, односно ќе можете да впишете 40 казнени бодови за погрешно паркирање. Тоа значи вкупно 280 евра. Овие 180 можете да ги платите во рок од 8 дена па да биде тоа половина, но оние 6.000 ќе морате целосно да ги платите.
Затоа внимавајте каде паркирате.