Паркингот на Водно е најдоходовен за „Градски Паркинг“

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од градските навики каде многумина несовесни возачи бараат начин како да не платат за паркирање, оние што преку викенд го користат паркингот на Средно Водно се многу внимателни. Не сакајќи да заработат казна задолжително си пуштаат смс порака, па нема потреба од блокирање, пишување казни или пак повикување пајак служба.

Така и оние што сакаат за планинарат не се бунат за евентулната мешаница, а оние што сакаат со автомобил да бидат на Водно си плаќаат, и тоа бајаги поскап паркинг од оној во град.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на овој викенд го искористиле 245 возила, според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

На Водно нема „зезање“ – за викенд сите плаќаат паркинг

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK