Папата Франсис е во историска посета на Обединетите Арапски Емирати. За прв пат поглаварот на римокатоличката црква е во посета на земја од Персискиот залив, а домаќините се погрижија за одличен пречек.
И наместо со ултра луксузен автомобил да се зачини целата атмосфера, Папата низ главниот град Абу Даби патуваше со најновиот модел на Kia Soul.
Иако за претходниците беше карактеристично да парадираат низ улиците со т.н. Папа Автомобил на Mercedes, Франсис кој е по потекло од Аргентина во своите посети на државите користи доста поскромни автомобили.
Така претходно во посетата на САД се возеше во Fiat 500L, Ford Mondeo, Skoda Octavia, Hyundai Santa Fe и други возила.
Останува да видиме во каков автомобил ќе се вози Папата при својата посета на Македонија закажана за оваа пролет.