Компанијата Vоlkswаgеn продолжува да ја проширува понудата на електрични автомобили, а најголемиот од нив се очекува да биде ID.Buzz. До овој момент од Vоlkswаgеn користеа Trаnspоrtеr со нормален изглед, кој го тестира погонот и технологиите на електричниот, но веќе можеа да се видат првите фотографии на серискиот модел, кој треба да биде промовиран во текот на следната година.
Иако уловениот ID.Buzz не ги открива точните дизајнерски црти на моделот, сепак, може да се добие претстава како тој ќе изгледа и какви промени ќе има во однос на концептот, кој беше претставен од Vоlkswаgеn.
Очекувано дизајнот е малку порационален, а предниот дел најверојатно ќе сподели многу карактеристични црти со другите ID мoдeли нa брендот.
Сепак, моделот има доста поинтересен дизајн од овој со конценционалниот Trаnspоrtеr на кој сите се навикнати иако тоа се има одразено на дел од ентериерот и товарниот простор.
Втората фотографија која може да се види одлично ги покажува разликите меѓу задниот дел на двата модели иако стоп светлата на ID.Buzz се покриени со лажни стикери.