Пандемијата не го сопре увозот на автомобили – март е уште еден рекорд на половните

ОБЈАВЕНО НА:

Царинската управа на Република Македонија ги објави податоците за увезените возила за март годинава. Во третиот месец годинава се увезени вкупно 4.868 возила со што продолжува трендот на пораст.

Доколку се анализираат бројките во последните пет години, март годинава е послаб само од јуни 2016 година кога беа увезени 4.975 возила и декември 2019 година кога беа увезени 6.475 возила.

Од оваа бројка, нови се 531 автомобил што е најмногу од почетокот на пандемијата, а со што продолжува трендот на зголемување на увозот на нови автомбоили. Најголем дел од увезените возила се употребувани однсоно половни. Вкупно 3.962 такви се увезени претходниот месеци што го прави март втор најдобар по увозот на половни автомобили во последните пет години.

Останатите бројки се однесуваат на 82 нови товарни моторни возила, 265 употребувани товарни возила, 2 нови автобуси и минибуси и 26 употребувани автобуси и минибуси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK