Panasonic претстави батерија за Tesla со пет пати поголем капацитет

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот Panasonic претстави прототип на батерија пет пати поголем од сегашниот капацитет, а директорот на одделот за производство на батерии, Казуо Таданобу изјави дека тоа ќе помогне да се продлабочат деловните врски со американскиот производител на електрични автомобили Tesla.

Таданобу рекол дека Panasonic нема намера да произведува поевтини батерии за електрични возила врз основа на литиум-железен фосфат (LFP).

Panasonic постави тест линија во Јапонија оваа година за производство на батерија широка 46 милиметри и висока 80 милиметри, за која Тесла тврди дека ќе складира повеќе енергија, ќе ги преполови трошоците за производство на батерии и ќе доведе до 100 пати зголемување на производството на батерии до 2030 година.

„Ние ја развивме батеријата поради силната желба на другата инволвирана страна и мислиме дека тоа може да доведе само до посилни врски“, рече Таданобу.

Фокусот на Panasonic на продлабочување на деловните врски со Tesla доаѓа во време кога производителот на електрични возила ја проширува својата мрежа на снабдувачи, склучувајќи договори за снабдување со јужнокорејската LG Energy Solution, во сопственост на LG Chema, како и со кинеската Contemporary Amperex Technology.

Tesla веќе стигна до продажба на 2 милиони возила, и има шанса годинава да произведе еден милион возила. Откако познатата компанија за изнајмување на возила ХЕРЦ нарача 100.000 возила, пораснаа цените на акциите на компанијата, и во септември Tesla беше најпродавано возило во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK