Паѓа цената на нафтата, ќе се намалува и цената на горивата

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на нафтата на светските берзи се во пад веќе втора недела по ред, поради тоа што инвеститорите се сомневаат дека членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) ќе договорат доволно големо намалување на производството, за да се ублажи дисбалансот меѓу преголемата понуда и намалената побарувачка.

На лондонската берза минатата седмица цените паднаа за речиси два отсто на 44,75 долари за барел. На американската берза пак падот изнесуваше 1,5 отсто на 43,3 долари за барел.

Последните извештаи на ОПЕК говорат дека производството во октомври изнесувало рекордни 33,64 милиони барели дневно, 264.000 барели повеќе во споредба со септември. Тоа значи дека до официјалниот состанок на ОПЕК на 30 ноември, лидерите од картелот ќе мора да договорат поголемо намалување на понудата од предвиденото.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK