Овој тест е причина за голема паника кај производителите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Воведување на новиот циклус за мерење на емисиите на штетни гасови и потрошувачката на гориво (WLTP) во минатата година предизвика многу турбуленции на пазарот на нови возила. Дел од производителите, меѓу кои беа и Volkswagen Group, BMW и Renault, не успеаја да го исполнат стандардот и затоа беа принудени да запрат веќе готови нови модели. Соодветно на тоа дојде до пат на продажбата и до сериозни финансиски загуби.

Во 2019 година претстои втората етапа од WLTP, која вклучува задолжителен тест за испарување (EVAP). Според директорот за продажба на Volkswagen Group – Кристијан Далхајм, сите нови мотори и преноси на концернот ќе треба да подлежат на нови сертифицирани процеси за да се справат со тестот.

Новиот тест EVAP стапува на сила на 1 септември, а ќе се мери пареата која се испушта од возилата после исклучувањето на моторот. Целта е да се ограничи бројот на испарливи органски соединенија во форма на бензинска пареа, која излегува од автомобилот во период од 48 часа.

Кога возилото е паркирано, зголемувањето на температурата на околината, па дури и сончевото зрачење, може да предизвика истекување на бензинова пареа. Автомобилите имаат систем, кој ги зафаќа испарувањата, но има ограничена можност апсорција. Во овој случа, тоа се однесува само за возилата со бензински мотори, додека кај дизел моторите притисокот е многу низок.

Покрај тоа, кај сите нови превозни средства ќе бидат измерени издувните гасови на азотен оксид за време на експлоатација на патот  (RDE-NOx). Според новите стандарди, дизел автомобилите нема да можат да одделат 2,1 пат повеќе од лабораторискиот лимит или 168 милиграми на километар.

Некои автомобилски компании објавија дека се подготени за нови тестови. Во Opel веќе преземале мерки за да можат моделите да одговарат на барањата. Алијансата PSA, која е сопственик на германската компанија исто така е подготена да одговори на новите сертификациски испитувања. И од BMW Group објавија дека не очекуваат проблеми со EVAP.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK