Овие производители поседуваат најмногу фабрики во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Дали некогаш сте се запрашале кој производител има најмногу фабрики во Европа? Во статистиката која ја прикажуваме во продолжение ќе ви откриеме кои производители колку фабрики поседуваат односно во колку фабрики се произведуваат нивните автомобили.

На територијата на Европа има речиси 150 производствени капацитети кои се користат од страна на производителите во производствените процеси на своите автомобили.

Во најмногу фабрики се произведуваат возилата од Volkswagen Групацијата и тоа во вкупно 24. Најголем дел од нив се наоѓаат во Германија, а покрај во оваа земја овие автомобили се произведуваат и во Словачка, Белгија, Велика Британија, Унгарија, Русија, Чешка, Шпанија, Франција, Португалија, Шпанија, Полска и Италија.

Image result for car assembly

По аквизацијата на Opel, PSA Групацијата сега се наоѓа на делба на втората позиција со Renault-Nissan-AvtoVAZ Алијансата со по 18 фабрики. Најголем дел од фабриките на овие производители се лоцирани во Франција, но има и во Полска, Словачка, Шпанија и други земји.

На третата позиција се наоѓа FCA со 11 фабрики. Дури осум фабрики се наоѓаат во Италија со што се потврдува дека FCA е двигател на италијанската авто индустрија. Преостанатите три фабрики се лоцирани во Турција, Србија и Полска. Возилата од Daimler Групацијата се произведуваат во 9 фабрики лоцирани во пет различни земји и тоа: Германија, Франција, Унгарија, Русија и Шпанија. Исто колку и Daimler на број, фабрики има Форд додека BMW поседува само шест фабрики.

Од азијските производители, возилата на Toyota се произведуваат во најмногу фабрики во Европа, дури шест и тоа во Велика Британија, Чешка, Португалија, Турција, Русија и Франција. Возилата на Hyundai-Kia се произведуваат во четири и тоа во Турција, Чешка, Русија и Словачка.

Image result for car factory slovakia

Најмногу фабрики има во Германија и Русија додека најмалку, или само три во балтичко-скандинавските. На територијата на поранешна Југославија, активни фабрики во моментов има во Крагуевац (Србија) каде се произведува Fiat 500L и во Ново Место (Словенија) каде се произведуваат моделите Renault Clio, Renault Twingo и Smart ForFour.

Интересен податок е тоа што во Шпанија Seat се произведува во само една фабрика, а од вкупно 11-те фабрики, 7 се во сопственост на француските мултинационални компании. Во Италија, од осумтте фабрики, саммо една не е во сопственост на FCA и во истата се произведуваат автомобили од VW Групацијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK