Овaa сијаличка сите ја знаеме – но, знаете ли зошто е стрелката?

ОБЈАВЕНО НА:

Во секој автомобил на инструмент таблата има многу различни сијалички, и некои ги гледаме почесто, а некои поретко. Појавувањето на некои значи детектиран проблем, а на некои само предупредување. Знакот кој покажува дали возите на „резерва“ сите го знаеме, и кога тој ќе светне жолто значи дека е време да се застане на бензинска пумпа.

И тогаш влегувате на бензинска пумпа го барате првото слободно место и му велите на човекот што точи гориво да стави во резервоарт одредена количина. Арно, ама кога човекот ќе го земе цревото сфаќате дека е кратко и ќе треба да се мачи дур да го наполни резервоарот или саканата литража. Проблемот е што вие сте застанеле на првото слободно место, пумпата со црева е од десна страна – ама резервоарот е од левата страна.

За да го избегнете тоа најдобро е да ј апогледнете уште еднаш лампата што покажува дали возите на резерва. Таму има една стрелка која е или од левата или десната страна. Токму таа стрелка покажува од која страна е отворот за резервоарот. Така нема да морате да го тргате цревото или д аго поместувате возилото ако случајно цревото не е доволно долго.

Мал трик кој може многу да ви заштеди, пред се нервоза.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK