Дефинитивно едни од најскапите нови, а уште повеќе стари автомобили се оние кои на хаубата го имаат знакот на Ferrari. Доказ за тоа се бројните аукции на кои модели од 60-те и 70-те години достигнуваат цена од неколку милиони американски долари.
Ние се потрудивме да направиме листа на најскапи десет Ferrari автомобили рангирајќи ги според цената по која се продадени на аукција.
10. Ferrari 250 LM
Овој модел во далечната 1965 година го освои тронот на 24 часа Леман прерасна во вистинска икона на италијанскиот спортски бренд. Карактеристично за овој модел е тоа што е првиот во кој е централно сместен моторот, а тоа што се произведени само 32 автомобили е главната причина зошто на аукција во 2015 година постигна цена од 18,26 милиони американски долари.
Уште еден модел од раните 60-ти години на минатиот век. Како и претходниот, така и овој меѓу другото се натпреварувал на 24 часа Леман каде во 1959 година завршил на третата позиција.
Во 2016 година овој автомобил на аукција е продаден за 18,5 милиони долари.
8. Ferrari 375-Plus Spider Competizione
375 Plus Spider Competizione е модел од 50те години. Во 1954 година настапува на легендарната трка Mile Miglia на која завршува на втората позиција. Пред речиси пет години овој автомобил на аукција е продаден за речиси 19 милиони долари.
7. Ferrari 250 GT SWB California Spider
Многу авто критичари го сметаат овој автомобил за еден од најубавите Spider изведби на Ferrari. Тоа е и причината зошто овој модел е еден од најбараните кај колекционерите. Цената на овој автомобил достигнува 19,2 милиони долари.
Јазот во цените помеѓу петтиот и шесттиот, Ferrari 275 GTB-C Speciale е огромен. Овој автомобил со 3 литарски V12 мотор во 2014 година беше продаден за 27,4 милиони долари.
5. Ferrari 275 GTB4 S NART Spider
На петтата позиција се најде моделот 275 GTB4 S Spider. Произведен само во 10 примероци кон крајот на 60те година овој автомобил иако досега не е продаден на нитуе една аукција се проценува дека чини околу 25 милиони долари.
4. Ferrari 290 MM
Ferrari 290 MM е само уште еден од низата модели од 50те години кои се најдоа на оваа листа. Цената од 29,1 милион долари е оправдана ако се знае дека овој на трката Mille Miglia во 1956 година го возеше легендарниот Хуан Мануел Фанџо.
3. Ferrari 335 Sport Scaglietti
36,7 милиони евра беше платено за овој автомобил на аукција одржана во 2016 година. Во биографијата на овој модел е забележано дека се натпреварува на 12 часа Себринг и Mille Miglia, а зад управувачот седнале Питер Колинс, Маурисио Трингињанте и Волфгант фон Трипс.
Официјално ова е најскапо продадениот автомобил на аукција. Во 2014 година беше продаден за неверојатни 39,6 милиони евра, а токму во ваков автомобил загинал и Џо Шлесер на својата дебитантска трка во 1968 година.
1. Ferrari 250 GTO
Ако виното колку постаро е поубаво, жената колку повозрасна толку помудра, тогаш дефинитивно колку постар толку и поскап е моделот 250 GTO од 1963 година.
Како дел од натпреварувањето на 24 часа Ле Ман, овој автомобил кој исто така победил и на трката Tour de France, од ден на ден белеши се поголем раст на цената. Во моментов според познавачите цената изнесува 70,2 милиони евра, а во наредните пет години се очекува да достигне цена од 100 милиони американски долари.