Ова се најпродаваните брендови во Европа за минатиот месец

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот месец на територијата на Европа, поточно Европската Унија, Велика Британија, Исланд, Норвешка и Швајцарија, севкупно биле продадени 938.985 возила што е пад за 13,9% во споредба со истиот месец минатата година.

При тоа во рамките на националните паари, пораст на продажбата е забелеан само во Норвешка, Романија, Ирска, Грција, Данска и Кипар.

Според податоците на ACEA (European Automobile Manufacturers Association), најпродаван бренд со продадени 122.125 возила е Volkswagen. На втората позиција е Mercedes со продадени 69.930 примероци. Следи Renault со продадени 68.552 примероци, нешто повеќе од 450 од Peugeot, а најпродаваната петорка ја сочинува уште и BMW со 64.038 примероци.

Меѓу најпродаваните брендови се уште и: Toyota, Skoda, Audi, Ford и Opel.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK