Ова се финалистите за “Светскиот автомобил на годината 2019”

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално организациониот одбор на престижната награда “Светски автомобил на годината” во овој период од годината ги објави финалистите во шестте категории.

Така во категоријата на “Автомобил на годината” за првата позиција ќе се натпреваруваат: Audi E-Tron, Jaguar I-Pace и Volvo S60/V60. Во категоријата на “Урбан автомобил” силите ќе ги одмерат: Hyundai AH2 / Santro, Kia Soul и Suzuki Jimny.

Audi A7, Audi Q8 и BMW 8 Series ќе се натпреваруваат за признанието “Луксузен автомобил на годината”, а за епитетот најдобар спортски автомобил номинирани: Aston Martin Vantage, McLaren 720S и Mercedes-Benz AMG 4-Door Coupe.

За “најзелен” автомобил како финалисти одбрани се: Audi E-Tron, Hyundai Nexo
и Jaguar I-Pace додека во последната категорија за најдобар дизајн во финалето ќе се натпреваруваат Jaguar I-Pace, Suzuki Jimny и Volvo XC40.

Победниците ќе бидат прогласени на 17 април во рамките на саемот за автомобили во Њујорк.

За потсетување, минатата година оваа престижна награда му припадна на Volvo XC60, а за прв пат истата беше воведена во 2005 година кога наградата му припадна на моделот А6 на Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK