Во ек на туристичката сезона во Грција возачите што патуваат често се среќаваат со полицијата околу прекршување на некое правило. И понекогаш за „нормално однесување“ следува казна. Она што сигурно е интересно е дека можете да бидете казнети за „предупредување“. За тоа би платиле казна од 150 евра.
Често кога возите на патиштата и ќе наидете на полицикс контрола или радар вие продолжувате и потоа ги предупредувате возачите од спротивната страна дека наидуваат на контрола. Така оние што возеле пребрзо имаат време да ја прилагодат брзината и да ја мината контролата неказнето. Но, тоа е недозволиво во Грција.
Според пишувањето на српски туристи, тие биле сопрени од полицијата откако претходно „блиндирале со светлата“ и ги предупредиле другите возачи дека пред нив има полициска контрола.
Најдобро е сепак да се придржувате до сообраќајните прописи, бидејќи казните во Грција се плаќаат во пошта, па ќе треба да чекате да бидат отворени. Ако случајно сте паркирани погрешно во туристично место може да ви бидат одземени регистерските таблички.
Одморот ќе „ви излезе низ нос“…