Косоверите од Б-сегментот претставуваат еден од најбрзо растечките пазари, па затоа Peugeot сака да се погрижи неговата „2008“ да остане конкурентна за да има поголем дел од колачот.
Рестилизирањето на средината на животниот циклус го усогласува моделот со новиот визуелен идентитет претставен со „508“ претходно оваа година. Напред, новата 2008 ги прима тројните вертикални светла во форма на канџи, интегрирани во сјајните црни влошки на браникот. Ознаката GT го подобрува визуелниот потпис со целосни LED фарови.
Освен што добива нов идентитет има и целосно нов погон за електричниот модел. Така, Е-2008 сега може да помине повеќе километри со едно полнење и да обезбеди поголема моќност. Погонот е познат од ажурираниот Е-208 и новиот Е-308.
Под хаубата на компактниот кросовер се крие електромотор со моќност од 156 коњски сили или 15% помоќен од претходно, како и нова батерија со капацитет од 54 kWh, наспроти претходните 50 kWh. Ова овозможува досегот да се зголеми од 345 на 406 километри со едно полнење според комбинираниот стандард WLTP.
Во 2024 година ќе се појави уште еден нов мотор со хибридна конфигурација и 136 коњски сили. Останатите мотори остануваат познатите 1,2-литарски бензин со 100 или 130 коњски сили, како и 1,5-литарскиот дизел со 130 коњски сили.
Новиот Peugeot 2008
Во однос на изгледот, можете да го препознаете освежениот Peugeot 2008 по стилскиот преден дел кој има нова решетка, нови светла со LED технологија, како и нови дневни светла.
Предниот браник има и ажурирани воздушни канали. Назад наоѓаме и нови светла кои ги комплетираат надворешните промени. Достапни се и неколку различни дизајни на бандажи, како и нова сива боја.
Што се однесува до внатрешноста, има минимални промени, при што сите нивоа на опременост сега добиваат 10-инчен екран за инфозабавниот систем, наспроти 8-инчниот на нивоата на основниот модел пред фејслифтот. На повисоките нивоа на опременост, добивате уште еден дигитален одометарод 10 инчи, а како опција е достапен и еден со 3D ефект. Верзиите со механички менувач може да се пофалат и со нова топка за менувачот.