Ова се најпопуларните авто брендови во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Руската организација за спроведување на статистички операции во сферата на автомобилизмот Autostat ги објави најпопуларните автомобилски брендови во оваа земја базирајќи се на автомобилите кои се возат низ улиците на оваа земја.

Сосема очекувано, на првата позиција се најде Lada. Според извештајот, на почетокот на годинава во Русија од овој бренд се возеле 14 милиони (регистрирани) возила. На втората позиција со само 3.8 милиони се наоѓа Toyota пред Nissan на третата позиција со 2.07 милиони возила.

Четвртата и петтата позиција се резервирани за јужнокорејските производители Hyundai и Kia, а најдобро пласиран европски производител е Renault кој се наоѓа на шестата позиција со 1.8 милиони возила.

Од седмата до десеттата позиција се наоѓаат Chevrolet, Volkswagen, Ford и Mitsubishi.

Она што може да се заклучи е дека Lada и натаму доминира, а Русите поголема доверба им даваат на јапонските производители отколку европските.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK