Ова е најбрзиот СУВ на светот – има 900 КС и забрзува за 3,2 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ возилата не се толку брзи како спортските, но ако истиот СУВ „падне“ во рацете на некои тјунери тогаш од „обично маче прават вистински ѕвер“. Најбрзиот СУВ на светот има 900 КС и може да развие максимална брзина од 330 км/ч.

Посебноста на моделот е и во тоа што ќе биде произведена ограничена серија од само 25 возила. А секое возило ќе чини над 380.000 евра. Ексклузивноста на моделот пак се гледа по тоа што истиот е претставен на саемот на јахти што се одржува во Монако.

Пред само два месеци Brabus го покажа 800 SUV Coupe што се базира на Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupe, но сега тјунерите изгледа сакаме да додадат уште сила во моделот.

Brabus објави детали за својот нов проект – BRABUS 900 ROCKET EDITION, кој тјунерската компанија го коментираше како најбрзиот теренец во светот, кој има право слободно да се движи по патиштата.

И Brabus 900 Rocket Edition е развиен врз основа на Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC + Coupe, но како резултат на корекциите, максималната моќност на V8 моторот на автомобилот е зголемена на 900 коњски сили, а максималниот вртежен момент на 1250 Nm.

BRABUS 900 ROCKET EDITION

Посебноста на моделот е и во тоа што ќе биде произведена ограничена серија од само 25 возила. А секое возило ќе чини над 380.000 евра. Ексклузивноста на моделот пак се гледа по тоа што истиот е претставен на саемот на јахти што се одржува во Монако.

Со целосна трансформација на надворешноста и внатрешноста, и со голем број специјално развиени јаглеродни елементи, BRABUS 900 ROCKET EDITION може да забрза од 0 до 100 km/h за само 3,2 секунди и да развие максимална брзина од 330 км / час час.

Во внатрешноста Brabus додаде префинет кожен тапацир што може да се определи во која било сакана боја во комбинација со Алкантара, благородно дрво и јаглеродни влакна. Автомобилот со дисплеј доаѓа со црвени акценти во контраст со супериорната сива завршница.

На хартија овој модел е побрз од Bentley Bentayga Speed, од Lamborghini Urus, од Porsche Cayenne Turbo GТ….

BRABUS 900 ROCKET EDITION ќе се произведува во ограничена серија од само 25 автомобили, чија цена започнува од 381.243 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK