Детското седиште доаѓа со 100-дневен бесплатен пробен период по купувањето, каде што можете да го вратите ако не сте задоволни.
Тој е поранешен дизајнер на McLaren и на BMW. Френк Стивенсон го претстави својот најнов проект, кој за разлика од неговите претходни појавувања во светот на автомобилскиот дизајн, овојпат ни претставува производ со сличен фокус, но повеќе со акцент на децата и нивната безбедност. Креаторот на McLaren P1 го претстави детското седиште за кое тврди дека е најбезбедно на светот.
Зад создавањето на производот стои карбонска рамка со основа која може да апсорбира удари благодарение на челичните пружини. Страничната потпора е инспирирана од човечки коски, додека горниот дел од штитникот за глава користи полимер D30.
Во детското седиште има 14 сензори, вклучувајќи различни жироскопи, кои снимаат секакви информации и можат да му кажат на родителот дали седиштето не е правилно поставено или дали го заборавил своето дете во автомобилот.
За време на развојот, Babyark помина преку 200 краш-тестови за проценка на потенцијалот за повреди на главата и градите. Онаму каде што повеќето детски седишта имаат рок на траење, оваа компанија вели дека материјалите од јаглеродни влакна и челик не се деградираат со текот на времето. Има бесплатна проверка на сервисот за одржување 10 години по купувањето на производот.
Во видеото погоре, Стивенсон зборува за неговата последна година на работа, вклучувајќи го и развојот на Babyark.
Babyark моментално е достапен за преднарачка со испораки кои започнуваат на 31 мај 2023 година. Цената сега е 990 долари и се зголемува на 1.190 долари откако ќе започне продажбата.
Компанијата вели дека одговара на над 80 проценти од возилата, а на веб-страницата има алатка за проверка на компатибилноста. Детското седиште доаѓа со 100-дневен бесплатен пробен период по купувањето, каде што можете да го вратите ако не сте задоволни.