Откриен изгледот на Ford Maverick

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави фотографија од новиот пик-ап модел Ford Maverick. Фотографијата е направена во фабриката на Ford во мексиканскиот град Хермосиљо.

Пикапот кој беше најавен минатата година, а во продажба ќе се појави уште оваа година, ја следи дизајнерската филозофија применета кај останатите пикапи на американскиот производител.

Така, на предниот дел доминираат LED светлата во “C” форма како и предната маска која е позајмена од останатите модели на Ford.

Maverick се темели на C2 платформата, а во понудата доаѓа со 1,5 литарскиот и 2,0 литарскиот бензински EcoBoost I4 мотор. Купувачите ќе може да избираат и помеѓу мануелен и автоматски пет степен менувач.

Maverick, во понудата на Ford доаѓа за пазарите во Јужна и Северна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK