Отфрлена иницијативата: Нема ограничување на брзината на автопатите во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време Партијата на Зелените во Германија се обидува да издејствува ограничување на брзината на германските автопатишта на 130 км/ч, но сите обиди паднаа во вода.

Парламентот на оваа земја токму по иницијатива и барање на оваа партија гласаше за предлогот, но мнозинството пратеници ја отфлија оваа иницијатива.

За воведување на ограничување и на сите автопатски делници гласаа само 126 пратеници додека 498 пратеници гласаа против. Тоа значи дека и во наредниот период на одредени автопатски делници ќе може да се вози и над 200 км/ч.

Со ова од Партијата на Зелените најавија дека ќе се откажат од понатамошни активности за ограничување на брзината и истото ќе го актуелизираат во оној момент кога ќе постојат соодветни услови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK