Освежување на BMW X5 M и X6 M – добија и електрични мотори и iDrive8

ОБЈАВЕНО НА:

Само две недели по дебито на ажурираните BMW X5 и BMW X6, германската компанија ги покажа и нивните најмоќни модификации, означени со буквата M. Двата кросовера црпат инспирација од сериската верзија на XM со слични остри линии напред. и отворите на предната решетка.
Производството на најмоќните верзии започнува во април. Цените почнуваат од 158.300 за „помалиот“ X5 M Competition, додека „поголемиот“ чини 161.200 евра. Испораките се планирани за мај.

За разлика од М5, кросоверите се достапни само во Competition изведба, кој нуди 4,4-литарски бензински мотор со систем од 48 волти кој го претвора во благ хибрид. Од BMW велат дека најмоќните теренци имаат засилено коленесто вратило, други турбини, различна генерација и друго. Моторот има шифра S68 и ја задржува моќноста од 625 коњски сили и максималниот вртежен момент од 750 њутн метри.

Менувачот е добро познатиот автоматски ZF, кој сега има пократки брзини и побрзо менување на 8-те брзини. Забрзувањето до 100 km/h трае помалку од 4 секунди, а максималната брзина е 290 km/h. Стандардно, кросоверот добива активен заден диференцијал, вентил и адаптивна суспензија.

Како што се силни и можни, моторите с еисто така и доста „жедни“ па потрошувачката на X5 M според WLTP е меѓу 12,9 и 13,1 литри, а X6 М троши малку помалку, меѓу 12,7 и 12,9 литри гориво.

Во однос на надворешноста, врвните модели лесно можете да ги препознаете по специфичните отвори на браниците, кои имаат поостри линии и поголеми отвори. Предната решетка има хоризонтални ленти, наместо вертикални како кај стандардниот модел. Праговите се поизразени, додека одзади може да се најде дифузор со четири врвови на издувните гасови и спојлер над багажникот.

Додадени се три нови бои специјално за X5M и X6M, кои клиентите можат да ги изберат од преку 50 други при конфигурирање на автомобилот. Во внатрешноста, разликите со стандардниот модел се сведуваат на различни седишта, волан со посебни М копчиња, како и традиционална BMW M рачка на менувачот. Екраните добија нова графика, а возачот може да избира помеѓу неколку режими на работа.

Професионалниот асистент за паркирање би требало да биде доста интересен. Како и во новата серија 7, може да врши автоматско паркирање и маневри за паркирање, како и целосно маневрирање во должина до 200 метри. Целата работа може да се контролира и надвор од возилото со iPhone.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK