Освежениот Dacia Duster: Повеќе од СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Следејќи ги претходните генерации, новиот Dacia Duster е насочен и кон клиенти кои бараат удобен, атрактивно дизајниран џип и кон оние кои сакаат робустен, разноврсен 4х4 автомобил. На пазарот е од 2010 година и кога се нудеше беше СУВ по цена на автомобил. Беше вистинска револуција и досега се продадени повеќе од 1,9 милиони возила.

Верен на своето наследство, новиот Duster е сè уште семеен теренец со дух. Тој е придружник за секојдневна употреба и за авантури на широко отворени простори. Неговиот безвременски дизајн еволуираше, особено во однос на неговите светла и решетка, што му дава уште посилна личност и ја подобрува ефикасноста на СО2.

Внатрешноста е опремена со нова висока централна конзола со потпирач за рака што се повлекува, два мултимедијални системи со нов 8 ”екран. Разноврсна за возење како и секогаш, новиот Dacia Duster е достапен во 2WD и 4WD верзии и сега може да биде опремен со автоматски менувач EDC со двојна спојка.

Новот Duster ги исполнува Euro 6D нормите на моторите и се нудат. Интересно е дека комбинираната верзија на бензин и плин овозможува возилото да може д амине со еден резервоар и до 1.250 км.

• ДИЗЕЛ: dCi 115 (2WD или 4WD) во комбинација со 6-степен мануелен менувач

• БЕНЗИН:
– TCe 90 (2WD) во комбинација со 6-степен мануелен менувач.
– TCe 130 (2WD) во комбинација со 6-степен мануелен менувач.
– TCe 150 (4WD) во комбинација со 6-степен мануелен менувач.
– TCe 150 (2WD) во комбинација со 6-степен автоматски EDC менувач

• Bi-fuel (бензин-плин): ECO-G 100 (2WD) во комбинација со 6-степен мануелен менувач.

Dacia Duster 2021

Верен на своето наследство, новиот Duster е сè уште семеен теренец со дух. Тој е придружник за секојдневна употреба и за авантури на широко отворени простори. Неговиот безвременски дизајн еволуираше, особено во однос на неговите светла и решетка, што му дава уште посилна личност и ја подобрува ефикасноста на СО2.

Цената на основниот модел треба да биде 14.490 евра во Франција, што е поевтино од претходната цена од 15.500 евра. Но, сега климата е опција во основното ниво Essential (а стандардно кај другите нивоа)

Новиот Duster ќе се најде во продажба од септември 2021 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK