Осум совети за безбедно патување

ОБЈАВЕНО НА:

Проверката носи и поголема сигурност. Малку одвоено време ќе ви донесе повеќе време за уживање додека патувате до посакуваната дестинација.

Ограничувањата за патувања и движења веќе ги нема и голем дел од времето го минуваме размислувајќи за патувањата или за годишните одмори.  Саканото ниво на безбедност на вашиот автомобил често не е во согласност со реалната состојба, па затоа препораките за проверка на безбедноста пред патот никако не е на одмет да се знаат подобро.

Секако дека пред тргнување на пат треба да се направи проверка на состојбата на автомобилот. Така ќе успеете да ги отстраните најголемиот дел од проблемите што би се појавиле, и исто така ќе бидеме сигурни дека ќе имаме безбедно возење до посакуваната дестинација.

Советите пред патувањата кои овде се наведуваат ќе ја намалат вонредната ситуација на патот.

1.Течност за автомобилот

Проверете ја течноста за автомобилот. Проверете го нивото на масло во моторот, вода во ладилникот, масло за кочниците, течност за шофершајбната. Сите наведени работи се исклучително важни фактори за да се избегне можна несреќа или непотребен дефект.

Исто така многу е важно да се провери нивото на течноста на спојката и маслото на серво-воланот. Доколку за нешто од наведеното не сте сигурни, или не знаете каде се наоѓа, проверете во прирачникот за вашиот автомобил како би можеле да видите каде точно се наоѓа и во вистинско време додадете или заменете ја со одговарачка течност.

2.Притисок на воздухот во гумите

Проверете го притисокот на воздух во гумите. Иако тој би требало да биде запишан во прирачникот на автомобилот, постои налепница на делот каде што се затвора врата на возачот, па многу лесно може да се провери таа информација. Притисокот кој е означен на секој дел од автомобилот не смее да се надмине. Исто така не заборавајте да го проверите притисокот во резервната гума односно дали истата е исправна. Честопати занемарена, но значајна проверка што ќе ја спаси ситуацијата во вистинско време.

3.Масло во моторот

Доколку доаѓа редовна промена на маслото, сторете го тоа пред патувањето. Долгиот пат ќе одработи дополнителен притисок на вашиот автомобил, затоа додавање на масло на сопствена одговорност можеби и не е најсреќно решение бидејќи со промената на целото масло се остранува и тињата која се создава со текот на работата на моторот. Веројатно нема да забележите, но додавањето на масло со тек на времето само ја влошува ситуацијата бидејќи аслото делува како ново, но густата тиња која се создава во внатрешноста на моторот и понатаму ќе остане на ѕидовите. Со менувањето на маслото, менувајте го и филтерот за масло.

4.Квалитет на гумите

Проверете го квалитетот на гумите. Секако проверете ги жлебовите и колку гумите се потрошени. Долгите патувања бараат и поголема потрошувачка, па затоа бидете сигурни колку вашите гуми се истрошени, така што при загревање да нема пукнатини или толку трошење што може да ве чини премногу бидејќи би можело автомобилот да не застане на време при запирање.

5.Филтер за воздух

Проверете го филтерот за воздух во вашиот автомобил. Дарежливото снабдување со чист воздух во моторот ги подобрува перформансите и ефикасноста на возилото. Често заборавената ставка е и воздухот во кабината на автомобилот, а филтерот ретко се проверува во сервисен центар. Иако можеби е помалку важен фактор за квалитетот на моторот, исклучително важен во однос на поленот и други нечистотии со што воздухот во автомобилот би бил чист, а возењето поудобно.

6.Чистота на автомобилот

Бидете ажурни по прашањето за чистотата на автомобилот. Во најмала рака, исчистете ги стаклените површини на вашиот автомобил за да ја обезбедите најдобрата видливост. Исто така, важен фактор за одржување на чиста стаклена побрзина се бришачите, па затоа проверете ги метличките на бришачите и заменети ги доколку е потребно за патот да биде поудобен и безгрижен.

7.Светла

Во секој случај проверете ги светлата и другите сигнални функции на вашиот автомобил. Некои од овие функции нема да можете да ги направите сами, па замолете некој пријател или понаник да ви каже дали сè функционира како што треба. Бидете сигурни дека резервните сијалички се секогаш во автомобилот. На одмет нема да биде ниту проверка на израмнувањето на предните фарови што е од исклучителна важност за видливоста во текот на ноќта особено на неосветлените патишта.

8.Опрема за итни случаи

Погрижете се сите да имате своја опрема за итни случаи и дека сè работи исправно. Под поширок поим на опрема за итни случаи можеме да означиме навигација, мобилен телефон, резервна гума (алтернативно комплет за дупната гума, иако тоа не е идеално), светилка, штрафцигер, клешти и прилагодлив клуч. Исто така, медицинскиот сет за итни случаи, апарат за гасење пожар кој ќе послужи во најлош случај. Задолжително носете рефлектирачки елек во вонредни ситуации, при задржување покрај пат или на него.

И на крајот, среќен пат!

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK