Општините ставаат „легнати полицајци“ на улиците – дали е тоа вистинското решение во сообраќајот?

ОБЈАВЕНО НА:

Општина Бутел започна со поставување „легнати полицајци“ низ сите населени места за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Легнатите полицајци“ се поставуваат по барање на жителите на повеќе фреквентни локации и улици, кои самите ги посочиле до Општината.

– Поставувањето нови таканаречени „легнати полицајци“ е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова, ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот – потенцираат од Општина Бутел.

Прашањето е само дали поставувањето на вакви „пречки на патот“ ги намалуваат прекршоците во сообрачајот, или само го зголемуваат буџетот на некои компании.

Наместо „легнати полицајци“ потребни се полицајци кои казнуваат, или активирање на камерите кои постојат и поставување на радари кои ќе ја мерат брзината и ќе би испорачаат сметка на домашна адреса.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK