Opel затвора фабрика до „почетокот на 2022“

ОБЈАВЕНО НА:

„Глобалната автомобилска индустрија, поради пандемијата и недостатокот на полупроводници, е во исклучителна ситуација“, изјавил портпаролот на Opel за агенцијата АФП.

Побарувачката за компоненти е многу силна во автомобилскиот сектор и возилата се повеќе опремени со електронски системи, од моторот до ABS, вклучувајќи воздушни перничиња и помош при паркирање. Сега има проблем со ланецот на снабдување, и поради тоа потребни се одредени поместувања и редукции.

Производителите се наоѓаат во трка со другите индустрии „алчни“ за чипови – компјутери, паметни телефони, поврзани предмети – кои зафаќаат добар дел од повеќето од овие делови произведено во Азија.

VW, Daimler и BMW во Германија, но и Ford или General Motors во САД, па дури и Toyota, исто така, веќе одлучија да ги затворат склопувачките линии за неколку дена или недели. Сега слична вест стигна од Opel за погоните во Ајзенах.

„Во оваа напорна и неизвесна ситуација, Stellantis планира прилагодување во своето производство“, вклучувајќи прекин на склопувачките линии во Ајзенах, каде се произведува Grandland X во централна Германија, велат од Opel.

Засегнатите вработени ќе бидат ставени на скратено работно време и производството ќе продолжи на почетокот на следната година „ако ситуацијата во синџирите на снабдување го дозволи тоа“, прецизира портпаролот на компанијата.

Околу 7,7 милиони автомобили нема да се произведуваат оваа година ширум светот поради недостаток на компоненти, последица на закрепнувањето по пандемијата во комбинација со бум во електричните возила, процени фирмата Аликс Партнерс. Ова претставува недостаток од 210 милијарди долари, според извештајот објавен минатата недела.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK