Opel во 2020 ќе го лансира првиот електричен SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител дел од PSA Групацијата објави дека во текот на 2020 година премиерно ќе го претстави првиот целосен електричен SUV.

Овој модел ќе дојде откако следната година ќе биде лансирана електричната изведба на Opel Corsa, модел со кој Opel ќе влезе во конкуренцијата на електрични автомобили. На овој мал градски автомобил ќе се приклучи и Opel Grandland X кој ќе биде претставен во текот на 2020 година.

Првиот човек на Opel, Михаел Лохшелер изјави дека Corsa ќе се продава по доста конкурентни цени со што Opel ќе овозможи електричните автомобили да бидат достапни за поголем број на купувачи.

Покрај за електричната изведба на Grandland X и Mokka, Лохшелер изјави дека германскиот производител планира да лансира и електрична изведба на Vivaro.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK